Цената на акциите на L’Oreal падна по разочарувачкиот четврти квартал во 2025 година

Акциите на францускиот козметички гигант „Лореал“ паднаа вчера на париската берза за повеќе од шест проценти, еден ден откако објави разочарувачки резултати за четвртиот квартал од 2025 година.

Акциите паднаа за 6,28 проценти, на 367,05 евра, што е пад што го избриша целиот раст на групацијата на берзата од почетокот на годината, објави „Фигаро“.

Приходите на „Лореал“ во 2025 година се проценуваат на 44 милијарди евра, што е мало зголемување од 1,3 проценти во споредба со 2024 година.