
Јапонската технолошка компанија „Сони“ разви технологија што може да ја идентификува оригиналната музика што се користи за генерирање песни со употреба на вештачка интелигенција, отворајќи ја можноста авторите да добијат дел од приходите ако нивната работа се користи за обука на систем со вештачка интелигенција.
Новата технологија анализира кои специфични песни и изведувачи биле користени за време на обуката и генерирањето музика, како и нивниот придонес во одредена мелодија или композиција, објавува „Кјодо“.
На пример, новиот систем на „Сони“ може да утврди дека одредена песна генерирана од вештачка интелигенција содржи „30 проценти влијание од Битлси“ и „10 проценти влијание од Ролинг Стоунс“, со што се квантифицира придонесот на оригиналните автори.











