Силен сигнал за пазарот:Кој сè купи акции во „Алкалоид“? Мукаетов и тимот со нови сопственички удели

Kлучните луѓе на македонскиот фармацевтски гигант „Алкалоид“ АД Скопје, реализираа серија трансакции на Македонската берза. Според официјалните податоци, претседателот на Управниот одбор и четворица членови на раководството на 5 март 2026 година се стекнале со акции.

Првиот човек на компанијата, Живко Мукаетов, купил 300 акции. Со оваа последна трансакција, Мукаетов сега поседува вкупно 131.300 акции, што претставува висок удел од 9,17% во вкупниот број на издадени акции на друштвото.

Покрај Мукаетов, во акцијата за купување се приклучија и другите членови на Управниот одбор, што сигнализира единство и оптимизам во менаџерскиот тим:

  • Виктор Стојчевски, член на Управниот одбор и директор на
    финансии , купил 200 акции, со што неговиот вкупен удел сега изнесува 0,70%.

  • Ќире Ицев, член на Управниот одбор и
    директор на службата за општи работи, исто така се стекнал со 200 акции, зголемувајќи го своето учество на 0,69%.

  • Ѓорѓи Јованов, член на Управниот одбор и директор за акционерство и имотни прашања, купил 200 акции, достигнувајќи удел од 0,43%.

  • Оливера Панева, член на Управниот одбор и одговорна за обезбедување квалитет и за интегрираниот менаџмент-систем на АЛКАЛОИД на корпоративно ниво, го зголемила своето портфолио за 50 акции, со што сега поседува 0,03% од вкупниот број акции.

Што значи ова за берзата?

Во деловниот свет купувањето акции на една компанија е знак за доверба на менаџментот во успехот на компанијата со која управува и сигнал до инвеститорите дека цената на акцијата, според мислењето на менаџментот е погодна за инвестирање.
Кога менаџментот купува акции на својата компанија, тоа често се интерпретира како уверување дека тие веруваат во нејзиниот раст и успех. Овој потег може да ја зголеми довербата на инвеститорите.