Доларот зајакна, еврото во пад

Hа валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката на валути значително се зголеми.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 99,48 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 98,87 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 158,10 на 159,10 јени.

Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1535 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,1635 долари.