Кинескиот гигант BYD размислува за влез во Formula 1

Кинескиот гигант BYD размислува за влез во Formula 1, со можност да стане првиот кинески производител во најпрестижниот мотоспорт шампионат

Кинескиот производител на електрични автомобили BYD сериозно размислува за влез во најпрестижниот шампионат во мотоспортот – Formula 1. Компанијата, која е најголем производител на електрични и plug-in хибридни автомобили во светот, би можела да стане првиот голем кинески автомобилски бренд што ќе се натпреварува во F1.

Во последните години популарноста на Formula 1 значително порасна, што привлече и нови големи автомобилски производители. Само оваа година во шампионатот се приклучија или се вратија брендови како FordAudiGeneral Motors и Toyota, што дополнително го зголеми интересот за учество во спортот.

Зошто Formula 1 е интересна за BYD

Една од причините поради кои BYD размислува за влез во Formula 1 е зголемената улога на електричната енергија во модерните хибридни погонски единици. Денешните F1 болиди користат 1.6-литарски турбо-хибридни мотори, кои комбинираат класичен мотор со внатрешно согорување и напредни електрични системи.

Оваа технологија е блиска до експертизата на BYD, која е лидер во развојот на батерии и електрични и plug-in хибридни возила. Токму затоа компанијата ја гледа Formula 1 како платформа за технолошки развој и глобален маркетинг.

Можни начини за влез во шампионатот

Според извештаите, BYD размислува за неколку сценарија за влез во Formula 1. Една опција е формирање на сопствен тим, но тоа е исклучително комплексен и скап процес.

Поради тоа, најреалната опција би била купување на постоечки тим. Сличен потег направи Audi, која го презеде тимот Sauber F1 Team во договор вреден околу 600 милиони евра.

Постојат шпекулации дека BYD би можел да инвестира или да преземе тим како Alpine F1 Team, кој во последниот период бара дополнителни инвеститори. Сепак, водењето на F1 тим може да чини повеќе од 500 милиони долари годишно, што го прави проектот сериозна финансиска инвестиција.

FIA ја поддржува идејата за кинески производител

Претседателот на Fédération Internationale de l’AutomobileMohammed Ben Sulayem, веќе изрази поддршка за можноста кинески производител да се приклучи во Formula 1.

Тој истакна дека, по силното присуство на американските тимови како Haas F1 Team и проектот на Cadillac, следниот логичен чекор е вклучување на кинески производител во шампионатот.

Formula 1 како глобална маркетинг платформа

Доколку BYD навистина се приклучи во Formula 1, тоа би претставувало огромен чекор за брендот во обидот да ја зајакне својата глобална присутност. F1 денес е едно од најгледаните спортски натпреварувања во светот, со милиони фанови и огромно медиумско влијание.

Влезот на BYD во шампионатот би значел историски момент за кинеската автомобилска индустрија, но и дополнителна конкуренција меѓу најголемите светски производители на автомобили во најбрзиот мотоспорт на планетата.
Преземено од Автоплус.мк