Нафтата над 100 долари и покрај ослободувањето на рекордни резерви

Утрово цените на „црното злато“ стагнираат, но цената на барел на лондонскиот пазар сè уште се движи над психолошки важното ниво од 100 долари.

И ова, иако Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) објави дека 32 земји-членки ќе ослободат рекордни 400 милиони барели нафта од своите резерви со цел да ги намалат цените. Во исто време, таа рече дека ова е најголемото нарушување на снабдувањето со нафта во историјата.

„Пазарот сфати дека кризата на Блискиот Исток нема да заврши толку брзо како што се надеваа инвеститорите. Затоа, преовлада мотото „прво продавај акции, потоа поставувај прашања“. И во моментов, нема безбеден сектор, освен енергетиката“, објаснува Рајан Детрик, стратег во Карсон Груп.

Доларот е на пат кон добивки втора недела по ред
Hа валутните пазари, доларот зајакна во однос на кошничката валути бидејќи се смета за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња. Како резултат на тоа, американската валута е во победничка низа втора недела по ред, со раст од околу 0,8 проценти.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 99,79 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 99,48 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 159,10 на 159,45 јени.

Американската валута исто така зајакна во споредба со европската, па цената на еврото се лизна на 1,1505 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,1535 долари.