Нов рекорд за македонскиот ИТ сектор: Извозот на услуги достигна 676 милиони евра

Извозот на услуги поврзани со информатички технологии, компјутери и телекомуникации во 2025 година забележа вредност од 676 милиони евра, што означува зголемување од 7 проценти споредено со претходната, 2024 година.

“Убави вести денеска – македонската ИКТ индустрија продолжува да поставува нови рекорди во економијата”, стои во пораката.

Податоците објавени од Народната банка потврдуваат дека извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги во 2025 година достигна 676 милиони евра, што претставува раст од 7 проценти во однос на 2024 година.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на својот Фејсбук профил истакна дека е особено важно тоа што ИКТ секторот покажува континуиран напредок и позитивно салдо во трговската размена.

Во 2025 година, увозот на ИКТ услуги изнесувал 197 милиони евра. Според министерот, ова значи дека нето позитивниот ефект за економијата изнесува суфицит од 438 милиони евра.

“Најголем дел од овој извоз се однесува на компјутерските услуги, кои достигнаа речиси 600 милиони евра.”

Министерот Андоновски нагласува дека овие резултати уште еднаш ја потврдуваат улогата на ИКТ секторот како еден од клучните мотори за економскиот раст, зголемување на извозот и технолошката ревитализација на нашата економија.