Српскиот министер за финансии Лазар Крстиќ во емисија на РТС изјави дека очекува во 2014 година бројот на нововработени работници да се изедначи со бројот на отпуштени.
Одговарајќи на прашање дали во 2014 година ќе има повеќе откази или нови вработувања, Крстиќ рекол дека одговорот на тоа прашање е содржан во Фискалната стратегија за следната година, како и дека очекува дека ќе биде еднаков бројот на отпуштени и нововработени. Министерот очекува отворање на нови работни места пред се во приватниот сектор. Од друга страна, со социјалната програма се предвидени средства за отпуштање на најмногу 20.000 работници следната година. Бројката на отпуштени и вработени ќе зависи од тоа колку Србија ќе успее да привлече странски инвестиции и странски партнери и дали ќе успее да ги спроведе реформите во стопанството и здравите претпријатија да ги постави на нозе, смета Крстиќ.