
Централната банка на Обединетите Арапски Емирати денес објави дека одобрила сеопфатен пакет за зајакнување на отпорноста на финансиските институции, чија цел е зајакнување на стабилноста на банкарскиот сектор во земјата.
Централната банка соопшти дека вкупната ликвидност што ја поседуваат банките на ОАЕ кај регулаторите, во комбинација со нивните нето средства што се погодни за работењето на централната банка, достигнала близу 250 милијарди долари, објави Ројтерс.
Според овој пакет, банките ќе добијат подобар пристап до резервни салда до 30 проценти од задолжителните резерви во готово и пристап до ликвидни рочни заеми и во дирхами на ОАЕ и во американски долари.
Банките во Персискиот Залив би можеле да се соочат со одлив на домашни депозити од 307 милијарди долари доколку конфликтот на Блискиот Исток се продлабочи, соопшти „С&П Глобал Рејтингс“ во извештај објавен во понеделник.











