
Според податоците на Државниот завод за статистика цените во земјоделството во февруари 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, се намалени за 0.6 % кај инпутот, а се зголемени за 20.7 % кај аутпутот
Цените во земјоделството во февруари 2026 година, споредени со цените во февруари 2025 година, бележат намалување кај инпутот, а зголемување кај аутпутот.
Во делот инпут, во февруари 2026 година, во споредба со февруари 2025 година, има намалување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) за 1.1 %, а зголемување на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) за 6.4 %.
Во делот аутпут, во февруари 2026 година, во споредба со февруари 2025 година, цените на растителното производство се зголемени за 23.8 %, а цените на добиточното производство се зголемени за 1.6 %.
Кај цените во земјоделството во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, се бележи следнава динамика:
- повисоки се за 23.8 % кај растителното производство и
- за 1.6 % кај добиточното производство во делот на аутпутот, додека во делот на инпутот
- пониски се за 1.1 % кај тековно потрошените средства во земјоделството, а
- повисоки за 6.4 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството











