Борба против зголемувањето на цените: Шпанија го намалува ДДВ-то на електричната енергија, гасот и горивото

Шпанскиот Конгрес одобри кралски декрет-закон со кој се планира да се издвојат повеќе од пет милијарди евра за ублажување на економските последици од конфликтот на Блискиот Исток.

Декретот предвидува намалување на ДДВ-то за електрична енергија, гас и гориво, намалување на данокот на јаглеводороди, суспендирање на посебен данок за производство на електрична енергија, како и бонус од 20 центи по литар гориво за професионалните возачи, објави EFE.

Шпанскиот министер за економија, Карлос Куерпо, изјави дека декретот ќе ги „заштити граѓаните и ќе ги подготви“ за непосредните последици од конфликтот, а воедно ќе го зајакне енергетскиот суверенитет на земјата.

Уредбата беше поддржана од владејачките партии, додека опозициските сили изразија критики за недостатокот на контрола на цените и потребата од дополнителни мерки за социјална заштита.

Повеќето бензински пумпи во земјата почнаа да ги спроведуваат намалувањата на даноците, додека понатамошна имплементација на мерките се очекува во наредните недели.