
Најголемиот предизвик е да не се оштетат граѓаните кои уплатиле аранжмани по повластени цени со рана резервација, особено затоа што во случај на откажување тие средства не подлежат на поврат. Поради тоа се апелира туристите да не ги откажуваат аранжманите за дестинации каде што ситуацијата се одвива нормално, со цел граѓаните да не сносат финансиски последици, вели во интервјуто за „Локално“ Ана Марија Алексова Малева, претседател на Националната асоцијација на туристички агенции.
Таа вели дека туристичките агенции се во постојана комуникација со своите партнери низ светот, со цел да ја следат безбедноста и условите на сите дестинации. Тие ја насочуваат својата понуда и се прилагодуваат на побарувачката, односно за дестинациите за кои граѓаните се заинтересирани.
“Најголемиот предизвик е да не се оштетат граѓаните кои уплатиле аранжмани по повластени цени со рана резервација, особено затоа што во случај на откажување тие средства не подлежат на поврат. Поради тоа се апелира туристите да не ги откажуваат аранжманите за дестинации каде што ситуацијата се одвива нормално, со цел граѓаните да не сносат финансиски последици“, вели Алексова Малева.
На прашањето дали зголемените цени на авионските билети и автобускиот превоз ќе доведат до поскапување на летните аранжмани, вклучително и за Грција, Алексова Малева вели дека како што покачувањето на цените на горивото влијае на целото стопанство, така може да доведе и до покачување на летните туристички аранжмани.
“Еден туристички аранжман се состои од неколку услуги, меѓу кои превоз, сместување и организација. Туристичките агенции имаат право да ја покачат цената на комплетната услуга ако се зголеми цената на превозот, вклучувајќи ги и дестинациите како Грција. Сепак, се надеваме дека цените нема да ескалираат и дека тоа нема да биде на штета ниту на граѓаните, ниту на туристичките агенции“, истaкнува Алексова Малева.
Целото интервју прочитајте го на Локално.мк











