
Собранието на акционери на фармацевтскиот гигант „Алкалоид“ АД Скопје, на седница одржана на ден 30.03.2026 година донесе одлука за промена во составот на Надзорниот одбор на компанијата.
За нов член на Надзорниот одбор е избран г-дин Зоран Костовски, кој доаѓа на местото на проф. д-р Миодраг Мицајков. Според официјалното соопштение, професорот Мицајков поднел писмена оставка, со што неговиот мандат во друштвото престанува заклучно со 29 март 2026 година.
Мандатот на новоизбраниот член, Зоран Костовски, започнува од (30.03.2026) и ќе трае до истекот на периодот за кој беше избран неговиот претходник, односно до 26 април 2027 година.











