
На Лондонскиот пазар цената на барелот утрово падна под 100 долари, односно на 99,98 долари. Додека на американскиот пазар нафтата се тргува по цена од 97, 24 долари за барел.
Инаку, претходниот месец цените на нафтата поади кризата на Блискиот Исток скокнаа за повеќе од 55 %.
Американскиот претаедател Доналд Трамп вчера изјави дека Ормутскиот теснец, кој Иран го блокира од почетокот на војната, повеќе не е негов проблем.
„Наскоро ќе си заминеме. И ако Франција или која било друга земја сака своја нафта или гас, ќе одат директно во Ормутскиот теснец и ќе се грижат сами за себе. Мислам дека тоа всушност ќе биде многу безбедно место, но ние немаме никаква врска со тоа“, рече тој.











