Банкарите и осигурителите со највисоки примања: Просечна плата од 1.025 евра во Црна Гора

Просечната нето плата во Црна Гора во февруари изнесувала 1.025 евра, а највисоки плати се регистрирани во финансиските дејности и осигурувањето.

Според податоците на Заводот за статистика на Црна Гора (МОНСТАТ), просечната нето плата, без даноци и придонеси, во февруари изнесувала 1.025 евра, што е за едно евро помалку отколку во јануари, пренесува РТЦГ.

Највисока просечна плата е регистрирана во секторот финансиски дејности и осигурување – 1.623 евра.

Монстат објави дека просечната бруто плата во февруари изнесувала 1.225 евра.

Просечната плата во секторите со најголем број вработени, односно во здравството и социјалната заштита, изнесувала 1.040 евра, а во образованието 955.