Индустријата за пластика се соочува со домино-ефект на поскапувања

Производителите на пластична амбалажа и фолии во Германија и пошироко се соочуваат со сериозен недостиг на суровини на база на нафта поради војната во Иран, што ги зголемува цените и им се заканува на компаниите низ целата индустрија.

Според Германското здружение на индустријата за пластична амбалажа, компаниите се соочуваат со големи проблеми при набавката на клучни материјали, додека ситуацијата е дополнително влошена од ненадејниот скок на цените, објавува „Виршафтсвое“.

Поради комбинацијата од прекини во снабдувањето и високи трошоци, безбедноста на испораките и стабилноста на бизнисот се доведени во прашање, особено за средните и помалите компании кои доминираат во овој сектор.