Ограничено снабдување со гориво на аеродромите во Болоња, Милано, Тревизо и Венеција

Италијанската компанија „Ер БП“  испрати соопштение до авиокомпаниите за ограничувањата во снабдувањето со гориво на аеродромите во Болоња, Милано, Тревизо и Венеција.

Приоритет во снабдувањето, како што објаснува компанијата што е дел од британскиот гигант БП, ќе им се даде на летовите на брзата помош, државните летови и летовите што траат подолго од три часа, пренесува Анса.

За другите, ограничена дистрибуција е планирана барем до 9 април.

Претседателот на Италијанската национална управа за цивилно воздухопловство (ENAC), Пјерлуиџи ди Палма, изјави дека ограничувањата се поврзани со велигденскиот период на зголемен сообраќај, а не со блокадата на Ормутскиот теснец.

„Доколку конфликтот продолжи, ќе има последици, но засега гледам дека дипломатијата си ја врши својата работа“, истакна тој.

Како што изјави тој, за групацијата Сава, која управува со аеродромите во Венеција, Тревизо и Верона, ограничувањата за гориво не се значајни.

„Проблемот се однесува само на еден добавувач, а има и други на аеродромите на групацијата кои ги снабдуваат повеќето превозници.

Ситуацијата е редовна, а залихите се стабилни на аеродромите во Перуџа и Апулија“, рече Ди Палма.