
Додека се чека да се види дали ќе се отвори Ормутскиот теснец, цените на нафтата се зголемија. На лондонскиот пазар, цената на барелот утрово се зголеми за 1,59 проценти, на 111,55 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 2,64 проценти, на 115 долари.
Доларот малку зајакна
Доларот, од друга страна, малку зајакна во однос на кошничката на валути.
Индексот на доларот утрово се зголеми за 0,04 проценти, на 100,06 поени.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зајакна за 0,04 проценти, на 159,75 јени.
Американската валута, исто така, малку зајакна во споредба со европската, па цената на еврото се лизна за 0,05 проценти, на 1,1535 долари.










