Германските авто-гиганти гледаат „светло на крајот од тунелот“ по тешкиот почеток на годината

Расположението во германската автомобилска индустрија во моментов е влошено, но прогнозата е подобра. Индексот на деловната клима падна во март за три поени на минус 18,7 поени.

Индексот се пресметува врз основа на месечни анкети меѓу компаниите. Анкетите имаат две клучни компоненти – проценка на моменталната состојба и прогнози за следните шест месеци.

Тековната негативна вредност во автомобилската индустрија е главно резултат на значително полоша проценка на моменталната деловна состојба, според економскиот институт Ифо, кој го пресметува индексот.

„Од друга страна, деловните очекувања се зголемија“, изјави Анита Волфл од Ифо, пренесува ДПА.

Меѓу другото, состојбата со нарачките и очекувањата за извоз се подобрија. Исто така, отпуштањата би можеле да се забават. Очекувањата за вработување се подобрија за повеќе од 24 поени.

„Падот на новите работни места, кој се забележува од 2022 година, се чини дека е запрен“, вели Вoлфл.