
Индустриските цени на производителите во Еврозоната во февруари се намалија за 0,7 проценти на месечна основа, додека во Европската Унија се намалија за 0,5 проценти, но последиците од војната во Иран може да ја променат ситуацијата во мартовските статистики.
Според податоците на Евростат цените на производителите се намалија за три проценти на годишно ниво во Еврозоната и за 2,7 проценти во Европската Унија.
Главен фактор за падот во февруари беше енергијата, чии цени во еврозоната се намалија за 2,4 проценти во споредба со јануари, додека без енергетскиот сектор, цените на производителите се зголемија малку за 0,1 процент.










