
Кина е еден вид бојно поле каде што се судираат повеќе од 150 производители на автомобили. На крајот, сè се сведува на жестока ценовна војна, односно големи попусти и неизвесност на пазарот. Имено, прашањето е кој ќе го преживее овој хаос и кој може да издржи подолго работејќи без сериозни заработки.
Но, ако го послушаме директорот на Волво, истиот тренд би можел да се прошири и на европскиот континент и пазар.
– Да, веројатно можете да сметате на тоа. Бидејќи има поголема понуда отколку побарувачка. Тука во Европа, постои голема можност да видиме многу нови Кинези – вели извршниот директор на Volvo Cars, Хокан Самуелсон.
Тој забележува дека компаниите можеби ќе мора да ги намалат цените и во Европа:
– Но, тоа можете да го комбинирате со намалување на трошоците, пишува HAK.
Жестоката кинеска конкуренција во Европа би можела да го поттикне истиот тренд како и во Кина. Во првиот момент, клиентите можеби ќе бидат задоволни, но ова би можело да резултира и со неизвесност во европската автомобилска индустрија, која во секој случај, да го користиме медицинскиот речник, не е во најдобра здравствена состојба. Дали европските производители како Фолксваген, Рено, Пежо, Фиат, Шкода…, но и Тојота, Хјундаи и Киа ќе бидат вовлечени во ценовна војна? Времето ќе покаже, единственото сигурно е дека по BYD, MG, Lepamotor…, бројот на кинески производители на европскиот пазар ќе расте.










