
Преминувањето на еврото во Бугарија на почетокот на годината имаше минимално влијание врз цените во земјата, а поддршката на бугарската јавност за европската валута се зголеми на повеќе од 50 проценти, според анкетата објавена денес од Европската централна банка (ЕЦБ).
Хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP) покажува дека годишната инфлација во Бугарија се намалила од 3,5 проценти во декември на 2,1 процент во февруари.
Во јануари, во Бугарија е забележан привремен месечен скок на цените од 0,6 проценти, главно поради храната и услугите, но веќе во февруари инфлацијата се врати на сезонските трендови.










