Русија ќе ги удвои приходите од нафта на девет милијарди долари во април

Русија ќе ги удвои приходите од најважниот данок на нафта на 9 милијарди долари во април поради глобалната енергетска криза предизвикана од војната на Блискиот Исток и затворањето на клучниот Ормутски теснец, според пресметката на Ројтерс објавена денес.

Прогнозата претставува една од првите конкретни проекции за финансиски придобивки за Русија, вториот најголем извозник на нафта во светот, од почетокот на конфликтот во Иран кон крајот на февруари, што ја предизвика најлошата енергетска криза во поновата историја.

Просечната цена на руската сурова нафта од Урал се искачи на просек од 77 долари за барел во март, што е далеку над буџетските прогнози на властите во Москва, што директно ги зголемува даночните приходи.