Турците остануваат најбројни: Грците и Србите веднаш зад нив на листата туристи во февруари

Според податоците на Државниот завод за статистика во февруари 2026 година 48. 654 туристи оствариле 94. 652 ноќевања

Во февруари 2026 година, од вкупниот број туристи, 32.6 % се домашни, а 67.4 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во февруари 2026 година изнесува 94 652, од кои 38.1 % се од домашните туристи, а 61.9 % од странските туристи.

Во периодот јануари – февруари 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6.0 %, односно кај домашните туристи има зголемување за 5.1 %, а кај странските има зголемување за 6.5 %. Во периодот јануари – февруари 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е намален за 1.6 % така што кај домашните туристи има намалување за 0.2 %, а кај странските има намалување за 2.6 %.

Земји од кои дошле најмногу странски туристи во февруари 2026 година:

  • 5 011 од Турција
  • 3 523 од Грција
  • 3 278 од Србија
  • 2 181 од Германија