
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2024 година, 29.2 % од активните претпријатија се од секторот Трговија на големо и трговија на мало, а 81.0 % имале од 1 до 9 вработени
Во 2024 година активни биле 73 310 претпријатија.
Податоците за структурата на активните претпријатија по сектори на дејности покажуваат дека во 2024 година најголемо учество има секторот Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 29.2 %.
Според бројот на вработените податоците за структурата на активните претпријатија покажуваат дека најголемо учество од 81.0 % имаат претпријатијата со 1 до 9 вработени, потоа претпријатијата без вработени и претпријатијата со неутврден број вработени (без податок за вработените) со 9.6 %, претпријатијата со 10 до 19 вработени со 4.3 %, па претпријатијата со 20 до 49 вработени, чие учество изнесува 2.9 %, со 1.9 % учествуваат претпријатијата со 50 до 249 вработени и само 0.3 % од активните претпријатија имаат над 250 вработени.
Во 2024 година:
- 81.0 % од активните претпријатија биле со 1 до 9 вработени
- 0.3 % од активните претпријатија имале над 250 вработени
- Најмногу претпријатија, 29.2 %, има во секторот Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли











