
Универзална Инвестициона Банка АД Скопје (УНИБанка) ќе изврши исплата на полугодишна камата на имателите на перпетуални обврзници од третата емисија.
Според најавата од Банката, исплатата ќе се реализира на 24 април 2026 година, при што ќе се примени каматна стапка од 6% на годишно ниво.
“ Универзална Инвестициона Банка АД Скопје ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 6% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници од трета емисија со ИСИН MKBLBA200037 и шифра UNIPO3.
Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 23.04.2026 година.
Тргувањето со обврзниците во деновите 22 и 23 Април 2026 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата, при што Купувачот при порамнувањето на 24 и 27 Април 2026 година ќе треба да му го уплати износот на чистата цена + акумулираната камата на Продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 24 и 27 Април 2026 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата“, известуваат од банката.












