
Денес, европските индекси се претежно во благ пораст откако американскиот претседател Доналд Трамп го продолжи двонеделното примирје меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, додека цената на нафтата Брент се движи околу 98 долари за барел.
Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп изјави дека примирјето, за кое претходно рече дека ќе заврши во среда, ќе трае сè додека иранските лидери не поднесат заеднички предлог за прекин на војната со САД и Израел, бидејќи верува дека владата во Техеран е „сериозно поделена“ по ова прашање.
Според податоците на берзата во 9:30 часот наутро, цената на суровата нафта падна за 0,91 процент на 88.850 долари, а нафтата Брент падна за 0,65 проценти на 98.012 долари.
Европските фјучерси за гас за мај беа продадени на отворањето на берзата TTF во Амстердам по цена од 43,3 евра за мегават-час.
Индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,29 проценти на 24.355,53 поени, францускиот CAC 40 за 0,05 проценти на 8.239,49 поени, московскиот MOEX за 0,19 проценти на 2.763,16 поени, додека британскиот FTSE 100 падна за 0,09 проценти на 10.489,74 поени.
Движењето на индексот FTSE 100 беше под влијание на најновите податоци за зголемувањето на инфлацијата во Велика Британија на 3,3 проценти во март, според локалните медиуми.
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс денес е 1,17493 долари.
Цената на златото се искачи на 4.763,12 долари за тројанска унца, а цената на пченицата на 6,0968 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).











