Трговијата во март: Додека прометот со храна расте, горивата бележат реален пад

Во март 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 12.7 %

Во трговијата на мало во март 2026 година, во споредба со март 2025 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 18.9 %, а реално за 12.7 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 1.6 %, а реално за 8.2 %, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 10.4 %, а реално за 11.2 % и Трговија на мало со автомобилски горива реално опаѓа за 0.1 %, а номинално е зголемена за 14.6 %.

Во март 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, стапката на прометот во следниве групи/класи:

  • Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 18.9 %, а реално за
    12.7 %
  • Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 10.4 %, а реално за
    11.2 %