
Државниот завод за статистика објави дека бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 % во март 2026 во однос на март 2025 година
Бројот на работниците во март 2026 година, во однос на март 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.9 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.8 %, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.6 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март
2026 година, во однос на март 2025 година, се намалил во групите Енергија за 2.1 %, Капитални производи за 3.6 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.4 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 2.9 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1.0 %.
Бројот на работниците во периодот јануари – март 2026 во однос на периодот
јануари – март 2025 се намалил за 3.3 %.
Бројот на работниците во индустријата во март 2026 година, во однос на март
2025 година
Се намалил за:
- 6.9 % во рударството и вадењето камен
- 2.8 % во преработувачката индустрија
Се зголемил за:
- 0.6 % во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација











