
Денес, европските берзански индекси се во пораст за повеќе од еден процент, со истовремен пад на цените на нафтата, бидејќи пазарот е оптимист во врска со потенцијалниот крај на конфликтот меѓу Соединетите Американски Држави и Иран.
Според податоците од берзата во 10:00 часот наутро, цената на суровата нафта падна за 3,06 проценти на 99,126 долари, а на нафтата Брент за 2,61 процент на 106,955 долари.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави пауза во операцијата „Проект слобода“ околу Ормутскиот теснец, наведувајќи „значаен напредок“ кон сеопфатен мировен договор меѓу Вашингтон и Техеран, објави CNBC.
Во Европа, фармацевтскиот гигант Ново Нордиск ја зголеми својата годишна прогноза за профит, благодарение на подобрата продажба на лекови за слабеење, германскиот BMW објави подобри од очекуваните резултати, како и данскиот Pandora, чии акции пораснаа за девет проценти.
Европските фјучерси за гас за јуни беа продадени денес на отворањето на Амстердамската берза TTF по цена од 46,865 евра за мегават-час.
Индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 1,55 проценти на 24.775,23 поени, францускиот CAC 40 за 1,48 проценти на 8.180,27 поени, FTSE 100 за 1,63 проценти на 10.384,42 поени, додека московскиот MOEX падна за 0,58 проценти на 2.628,96 поени.
Вредноста на еврото во однос на доларот на Форекс берзата денес е 1,17304 долари.
Цената на златото се искачи на 4.677,16 долари за тројанска унца, а цената на пченицата падна на 6,0933 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).











