Државни обврзници со камата од 4,30% влегуваат во котација

Согласно барањето од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 11.5.2026 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државни обврзници.

Станува збор за државни обврзници без девизна клаузула со вкупна вредност на емисијата од 713.280.000 денари. Издадени се вкупно 71.328 хартии од вредност, со поединечна номинална вредност од 10.000 денари.

  • Каматна стапка:  4,30% на годишно ниво.

  • Рок на достасување: Обврзниците се издадени на 7 мај 2026 година, а достасуваат на 7 мај 2028 година.

  • Тргување: На берзанската котација хартиите од вредност ќе бидат достапни под шифрата M070528.