Франција воведе данок од 75% на годишна заработка над еден милион евра

francijaФранцускиот Уставен совет вчера го усвои предлогот компаниите кои на вработените им исплаќаат плати над еден милион евра годишно, да плаќаат данок од 75%. Законот се однесува на приходи од 2013 и 2014 година.

Според соопштението на француската влада, данок од 75% ќе плаќаат околу 470 компании и претпријатија, односно околу 1.000 поединци, јавува АФП.

Овој закон, кој францускиот претседател Франсоа Оланд го вети во предизборната кампања, ги разгневи челниците на компаниите и фудбалските клубови, кои во еден момент се заканија и со штрајк.

Оланд изјави дека овие мерки не се за да ги казни, туку да ги поттикне компаниите да ги намалат трошоците во време на економска криза.