
Европската Унија испрати порака дека вратите остануваат отворени за сите држави од Западен Балкан. Пораките беа испратени од седницата на Советот за надворешни работи на Европската Унија, која се одржа во Брисел. Но, најголемо задоволство е за Црна Гора, која според Брисел е на милиметри до членство во Европската Унија. Добри вести добија и Македонија и Албанија. Еврокомесарката за проширување Марта Кос најави дека во наредниот период ќе бидат исплатени пари од Планот за раст за Западен Балкан.
„Исто така, имплементацијата на Планот за раст се одвива добро и во наредните денови ќе бидат исплатени близу 200 милиони евра за Црна Гора, Албанија и Црна Гора.“, вели Марта Кос.
Кос истакна дека штом земјите ги исполнат условите, тоа го прави и Унијата. Пари не добија Србија, Косово и Босна и Херцеговина.











