Германскиот произведувач на автомобили Audi објави дека во периодот до 2018 година, ќе инвестира 22 милијарди евра во нови модели, погони и технологија.
Повеќе од половина од најавените инвестиции ќе бидат насочени кон германските погони, а 70% од износот ќе биде наменет за нови модели и технологија.
Планот на Audi е со овие инвестиции да дојде до продажба од два милиони автомобили годишно со што би го стигнал својот најголем конкурент BMW.