Стефан Николиќ доби мандат во раководството на АЛТА банка АД Битола

Стефан Николиќ е нов член на Управниот одбор на АЛТА банка АД Битола. Неговото именување доби „зелено светло“ од Народната банка, а мандатот ќе му трае една година.

АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека, согласно Одлуката за именување донесена од страна на Надзорниот одбор бр. 02-3275/1/II.21 од 2.3.2026 година и добиената согласност, односно Решението на Извршниот одбор на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-9252/6 од 8.5.2026 година, г-дин Стефан Николиќ е именуван за член на Управниот одбор на Банката, со мандат од 1 година.

Со именувањето на  Стефан Николиќ, Управниот одбор на Банката е целосно комплетиран, со што се обезбедува понатамошно ефикасно и континуирано управување со работењето на Банката, во согласност со стратешките цели и регулаторните барања.