Европските берзи денес се во „минус“, златото во пад

Европските берзански индекси денес се претежно во минус, цената на нафтата од типот Брент се искачи на повеќе од 107 долари за барел, а стравот од зголемување на инфлацијата во САД повторно завладеа на берзите.

Индексот на цените на производителите во САД во април порасна за 1,4 проценти на месечна основа, најмногу од март 2022 година, додека годишната инфлација достигна шест проценти, пренесува CNBC.

Претходно беше објавено дека потрошувачката инфлација во САД се искачи на 3,8 проценти на годишно ниво, со зголемување на цените на енергијата и трошоците за домување.

Според податоците од берзата во 9:30 часот наутро, цената на суровата нафта се зголеми за 1,63 проценти на 102.787 долари, а на нафтата од типот Брент за 1,35 проценти на 107.196 долари.

Европските фјучерси за гас за јуни беа продадени денес на отворањето на Амстердамската берза TTF по цена од 47,695 евра за мегават-час.

Индексот DAX на Франкфуртската берза падна за 0,73 проценти на 24.271,92 поени, францускиот CAC 40 за 0,52 проценти на 8.040,24 поени, FTSE 100 за 0,57 проценти на 10.313,54 поени, додека московскиот MOEX се зголеми за 0,14 проценти на 2.662,49 поени.

Европските пазари следеа негативен тренд во Азија, каде што јужнокорејскиот Kospi падна за повеќе од три проценти откако достигна рекордни нивоа над 8.000 поени.

Јапонскиот Nikkei 225 изгуби 1,1 процент, додека хонгконшкиот Hang Seng изгуби 0,89 проценти. Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex денес е 1,16445 долари.

Цената на златото падна на 4.584,02 долари за тројанска унца, а цената на пченицата падна на 6,5250 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).