Синдикатите на Volkswagen кажаа „не“ за затворање на фабриките во Германија

Претставниците на вработените во „Фолксваген“ денес изјавија дека нема да дозволат затворање на фабрики во Германија, и покрај притисокот од компанијата за намалување на трошоците и вишокот производствен капацитет.

Во заедничка изјава за „Ројтерс“, претседателката на работничкиот совет, Даниела Кавало, лидерката на синдикатот IG Metal, Кристијана Бенер, и регионалниот синдикален лидер, Торстен Грегер, изјавија дека договорот од 2024 година, со кој се зачуваа германските фабрики, не смее да се доведува во прашање.

„Основната ситуација не се променила, ниту пак „црвените линии“ на вработените се промениле“, изјавија претставниците на работниците, додавајќи дека „нема да има затворање на фабрики“ сè додека синдикатите и работничкиот совет имаат влијание врз одлуките на компанијата.