
Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека законскиот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите и плаќање на даночните обврски е 25 мај, понеделник, но со оглед на тоа дека е неработен ден, краен рок за исполнување на оваа даночна обврска е првиот следен работен ден, односно 26 мај 2026 година, вторник.
До денес, од вкупно 8.164 даночни обврзници, само 1.209 односно 14,8% од даночните обврзници со обврска за поднесување на ДДВ-04 пријави ги поднеле истите.
Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници навремено да ги достават потребните документи до своите сметководители и да ја исполнат законската обврска за поднесување на ДДВ-04 пријавите, со цел да избегнат дополнителни финансиски трошоци.
Навременото поднесување на ДДВ–04 пријавите и плаќање на даночните обврски е од особена важност за усогласување со даночните прописи и за одржување на финансиската стабилност на бизнисите.











