Акциите на Ferrari паднаа за повеќе од седум проценти по презентацијата на електричниот модел

Акциите на Ферари паднаа за повеќе од седум проценти денес, кратко откако производителот на луксузни автомобили го претстави својот прв целосно електричен „Луче“.

Долгоочекуваниот модел претставува значително отстапување од препознатливата естетика на класичните автомобили на Ферари и доаѓа во време кога другите производители на луксузни возила, вклучувајќи ги „Порше“ и „Ламборџини“, ги забавија или ревидираа плановите за лансирање на електрични модели поради послабата побарувачка, објави CNBC.

„Луче“ се преведува како „светлина“, а Ферари рече дека името симболизира „јасност и насока“, но е јасно дека инвеститорите засега се скептични.