Концентрација на моќ: 10 земји кои го контролираат светското богатство на акции

Американскиот пазар на акции достигна размери без преседан во финансиската историја.

Заклучно со април 2026 година, вкупната пазарна капитализација на компаниите котирани на берзата во САД е повеќе од 75 трилиони долари, што ја надминува вкупната вредност на следните девет најголеми берзи во светот.

Оваа графика ги рангира 10-те најголеми берзи во светот користејќи ги пресметките на Блумберг за компаниите котирани на домашниот пазар на главните берзи во секоја земја.

Америка: гигантот на глобалниот берзански пазар

Доминацијата на американските пазари се забрза во текот на изминатата деценија, бидејќи американските технолошки гиганти презедоа сè поголем дел од глобалниот инвеститорски капитал.

Компании како Apple, Microsoft, Nvidia, Amazon и Alphabet се меѓу највредните компании во историјата денес. Со овие компании првенствено се тргува на Њујоршката берза и на Nasdaq берзата, кои се наоѓаат во Њујорк.

Оваа табела ги рангира најголемите национални берзи во светот според вкупната пазарна капитализација заклучно со април 2026 година.

РангЗемјаПазарна вредност (трилион долари)
1🇺🇸 САД75,04
2🇨🇳 Kина14,84
3🇯🇵 Јапонија8,19
4🇭🇰 Хонгконг7,41
5🇮🇳 Индија4,97
6🇨🇦 Kaнада4,49
7🇹🇼 Tajван4,48
8🇰🇷 Јужна Кореја4,04
9🇬🇧 Обединето Кралство3,99
10🇫🇷 Франција3,45

Второрангираната Кина, со 14,84 трилиони долари, има големи берзи во Шангај и Шенжен, додека петторангираната Индија, со 4,97 трилиони долари, се потпира првенствено на Бомбајската берза и Националната берза, обете лоцирани во Мумбај.

Заедно, десетте најголеми берзи претставуваат убедливо најголем дел од глобалната вредност на јавните пазари, што покажува колку е концентриран капиталот на инвеститорите во мал број земји.

Други големи светски берзи

По САД и Кина следува Јапонија, со 8,19 трилиони долари. Меѓу најголемите јавно котирани компании на таа источноазиска земја се Тојота, Мицубиши и СофтБанк, кои се дел од индексот Никеи 225 на Токиската берза.

Зад Јапонија е Хонг Конг, со 7,41 трилиони долари, кој долго време е финансиски центар на Источна Азија, особено како врска помеѓу меѓународните инвеститори и компаниите од континентална Кина.

Во меѓувреме, вкупната пазарна капитализација на Канада од 4,49 трилиони долари е во голема мера концентрирана на  берзата во Торонто, третата најголема берза во Северна Америка.

Вештачката интелигенција го менува редоследот

Во последниве години, бумот во вештачката интелигенција и сродните сектори ја зајакна позицијата на земјите тесно поврзани со производството на полупроводници, особено Тајван, со 4,48 трилиони долари, и Јужна Кореја, со 4,04 трилиони долари.

Присуството на локалните гиганти TSMC и Samsung им помогна на овие земји да привлечат огромно внимание од глобалните инвеститори, што доведе до поголем прилив на капитал и побрз раст на пазарната капитализација во споредба со земјите со помала изложеност на инфраструктурата на вештачката интелигенција.

Побарувачката поврзана со вештачката интелигенција го преобликуваше глобалниот ред на берзата. Тајван и Јужна Кореја ги престигнаа постарите финансиски сили како Обединетото Кралство, бидејќи инвеститорите влеваат капитал во производство на чипови и инфраструктура за вештачка интелигенција.