
Цените на акциите паднаа на европските берзи во четврток наутро, бидејќи инвеститорите се загрижени за нови напади од страна на американската војска врз цели во Иран, а цените на нафтата пораснаа за повеќе од 2,5 проценти.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 0,4 проценти во 9:30 часот наутро.
Во исто време, лондонскиот индекс FTSE ослабе за 0,81 проценти, на 10.420 поени, додека франкфуртскиот DAX се лизна за 0,17 проценти, на 25.140 поени, а парискиот CAC за 0,30 проценти, на 8.165 поени.
Инвеститорите беа загрижени од нова ескалација на конфликтот на Блискиот Исток, откако американските воени сили повторно го нападнаа Иран утрово, насочувајќи се кон она што американските власти веруваат дека претставува закана за американските сили и комерцијалниот бродски сообраќај во Ормутскиот теснец.
Американската војска, исто така, пресретна и собори неколку ирански беспилотни летала, додека Техеран соопшти дека иранските сили ја таргетирале американската воздухопловна база. Кувајт, од друга страна, ја активираше својата противвоздушна одбрана.
Поради сето ова, надежите на инвеститорите дека САД и Иран наскоро ќе постигнат договор за прекин на војната исчезнаа.











