Нови сметки за граѓаните и бизнисот: Телекомуникациите поскапи за 4,2 % во споредба со лани

Цените на услугите во одделот Услуги за копнен и цевководен транспорт во првото тримесечје од 2026 година пораснале за 6.7 % во споредба со првото тримесечје од 2025 година, објави Државниот завод за статистика.

Според видовите транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од     6.7 %, додека кај поштенските и курирските услуги остануваат непроменети.

Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пораст од  4.2 % во одделот Телекомуникации.

Опфатени се секторите Ж – Услуги за транспорт и складирање и Ѕ – Услуги за информации и комуникации според Класификацијата на производите по дејности (КПД).

Цените на услугите во првото тримесечје од 2026 година во однос на првото тримесечје од 2025 година се зголемиле за:

  • 6.7 % кај копнениот и цевководниот транспорт
  • 4.2 % во одделот Телекомуникации, а остануваат непроменети кај поштенските и курирските услуги