Пад на европскиот извоз: САД купуваат за 30% помалку стоки од ЕУ

Европската Унија увезе стока во вредност од 627,8 милијарди евра од земји надвор од ЕУ, а извезе 640,5 милијарди евра, во првиот квартал од 2026 година.

Во споредба со претходниот квартал, увозот се зголеми за 1,7 проценти, а извозот се намали за 0,1 процент. Во споредба со првиот квартал од 2025 година, и увозот и извозот се намалија за 3,3 и 8,8 проценти, соодветно, објави Европскиот завод за статистика – Евростат.

Кина беше најголемиот снабдувач на ЕУ, со 145,3 милијарди евра (23,1 процент од вкупниот увоз). Соединетите Американски Држави беа втори со 85,9 милијарди евра (13,7 проценти), по што следуваа Обединетото Кралство со 39,5 милијарди евра (6,3), Швајцарија со 36,7 милијарди евра (5,8) и Турција со 24,6 милијарди евра (3,9 проценти).

Во споредба со првиот квартал од 2025 година, увозот се намали од Турција (-7,5 проценти), Соединетите Американски Држави (-5,7 проценти) и Обединетото Кралство (-3,4 проценти).

ЕУ извезе стоки во САД во вредност од 119,4 милијарди евра, што ја прави главна извозна дестинација на ЕУ (18,6 проценти од вкупниот извоз). Обединетото Кралство беше второ со 88,7 милијарди евра (13,8 проценти), по што следуваа Швајцарија со 57,2 милијарди евра (8,9), Кина со 47,6 милијарди евра (7,4) и Турција со 27,1 милијарди евра (4,2 проценти).

Во споредба со првиот квартал од 2025 година, најголем пад на извозот е забележан во САД (-30,4 проценти), Турција (-8,2 проценти) и Кина (-7,9 проценти).