Француските синдикати предупредуваат дека Франција станала земја со ниски плати

Во писмо до владата пред дебатите за буџетот за 2027 година, осум синдикати во Франција побараа пофер распределба на товарот за санација на јавните финансии.

Синдикатите наведуваат дека Франција денес е „земја со ниски плати“, каде што работата не е доволно платена, додека компаниите истовремено добиваат огромни субвенции и финансиска помош, објавува Фигаро.

„Социјалната регресија е масовна, квалификациите и искуството се игнорираат, Франција сега е земја со ниски плати. Проблемот не е што работата чини премногу, туку што е недоволно платена“, се наведува во заедничкото писмо на лидерите на осум француски синдикати упатено до францускиот премиер Себастијан Лекорни.