Народна банка објави: 218,6 милиони евра директни инвестиции во првиот квартал на 2026 година

Во текот на првиот квартал од 2026 година, вкупните директни инвестиции во земјава бележат нето-приливи во износ од 218,6 милиони евра, како резултат на нето-приливите кај реинвестирањето на добивката (165,5 милиони евра), должничките инструменти (34 милиони евра) и  сопственичкиот капитал (19 милиони евра), покажуваат податоците на Народна банка.

Податоците за трансакциите на директните инвестиции ги опфаќаат движењата помеѓу поврзаните субјекти врз основа на сопственички капитал, реинвестирање на добивката и должничките инструменти. Должничките инструменти ги опфаќаат средствата и обврските од/кон поврзаните претпријатија во странство врз основа на заеми на меѓусебно поврзани субјекти, трговски кредити и аванси на меѓусебно поврзани субјекти и средства и обврски врз основа на останати должнички инструменти на меѓусебно поврзани субејкти.