
Бројот на вработени во зелената економија на Европската Унија достигна 5,8 милиони работници со полно работно време во 2023 година, по просечен годишен раст од шест проценти од 2014 година, објави денес Евростат.
Според Европската статистичка служба, најголем раст на вработеноста е забележан во градежниот сектор, каде што бројот на работни места поврзани со заштитата на животната средина и одржливиот развој се зголемил од 700.000 на 1,6 милиони помеѓу 2014 и 2023 година.
Градежништвото стана и сектор со најголем број вработени во зелената економија, благодарение на работните места поврзани со изградба на енергетски ефикасни згради, постројки за обновливи извори на енергија и енергетска реновација на згради.











