Побарувачката за акциите на SpaceX достигна 150 милијарди долари

Интересот на инвеститорите за првичната јавна понуда на акции (IPO) на вселенската компанија Spacex моментално е приближно двојно поголем од планираниот износ на емисија од 75 милијарди долари, објави  Ројтерс, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

Инвеститорите грабаат акции: Интересот за SpaceX двојно поголем од понудата

Изворите наведуваат дека инвеститорите досега изразиле побарувачка во вредност од околу 150 милијарди долари.

Иако таквото ниво на интерес не е невообичаено за помалите јавни понуди, аналитичарите проценуваат дека тоа претставува значаен сигнал за доверба на пазарот, имајќи предвид дека станува збор за најголемата IPO во историјата.

Фото: Pixabay