Цените на нафтата пораснаа за над 4% за само неколку часа

Поради зголемените тензии на Блискиот Исток, цените на нафтата нагло пораснаа. На лондонскиот пазар, цената на барелот Брент утрово порасна за 4,25 проценти, на 97,05 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 4,22 проценти, на 94,40 долари.

Доларот стагнира
На валутните пазари, од друга страна, вредноста на доларот во однос на кошничката валути стагнираше, откако минатата недела се зголеми за 1,3 проценти.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на шесте најважни светски валути, утрово се движи околу 100,5 поени, речиси исто како и во петокот навечер.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од 160,29 на 160,35 јени.