Народна банка: Девизните резерви во мај достигнаа 5,2 милијарди евра

Девизните резерви на Македонија  бележат благ раст на крајот на петиот месец и достигнаа вредност од 5.210 милиони евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Ова претставува зголемување за три милиони евра во споредба со претходниот месец април, кога резервите изнесуваа 5.207 милиони евра.

На крајот на мај 2026 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 5.210 милиони евра. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (68,5%), по што следуваат монетарното злато (16,6%) и валутите и депозитите (14,9%).