JPMorgan имплементира агенти со вештачка интелигенција кои работат автономно и можат да бидат лидери на тимови

„Џеј Пи Морган Чејс“ планира да распореди агенти за вештачка интелигенција подоцна оваа година кои можат да работат автономно многу подолго од постојните верзии, што означува уште една пресвртница во корпоративното усвојување на вештачката интелигенција, дознава CNBC.

„Агентите за вештачка интелигенција еволуираат од алатки кои завршуваат индивидуални задачи до дигитални работници кои управуваат со повеќечекорни работни процеси и различни софтверски програми“, објасни Дерек Валдрон, главен аналитичар на „Џеј Пи Морган“ во интервју за истиот медиум.

Вакви агенти веќе се појавија во текот на изминатата година во тест верзии, вклучувајќи ги „Claude Code“ и „OpenClaw“ на „Anthropic“, кои потоа станаа вирални.

Сепак, ова воведување сугерира дека технологијата е блиску до отстранување на безбедносните и управувачките пречки што го забавија усвојувањето во големите компании.

„JPMorgan“, предводена од извршниот директор Џејми Дајмон од 2006 година, е најголемата американска банка според средствата и има годишен буџет за технологија од речиси 20 милијарди долари.

Волдрон истакна дека дискусиите за генеративната вештачка интелигенција досега се фокусираа на интелигенцијата на моделите, но во последно време лидерите во технологијата сè повеќе се фокусираат на прашањето „колку долго можат системите за вештачка интелигенција да работат ефикасно пред да стане неопходна човечката интервенција?“.

Тој концепт е потпомогнат од подобрувањата во начинот на кој вештачката интелигенција го моделира размислувањето, овозможувајќи им да бидат тимски лидери, а не само работници.

Фото: Pixabay